Автор: Нутриционист Валентина Глигорова
Во денешниот динамичен свет, телото постојано се соочува со токсини – преку храната, воздухот и секојдневниот стрес. Еден од наједноставните и најприродни начини за поддршка на процесот на чистење е редовната консумација на детокс вода.
Денес ви го споделувам мојот омилен рецепт за детокс вода. Таа е освежителна, лесна за подготовка и преполна со состојки кои не само што хидрираат, туку и го хранат организмот.
Состојки:
- 1 портокал (исечен)
- 1 лимон (исечен)
- Парче свежа куркума (или 1/2 лажичка во прав)
- Парче свеж ѓумбир (исечен)
- 1 краставица (исечена)
- Грст свежо нане
Зошто токму овие состојки?
- Портокал: Богат со витамин Ц и антиоксиданси, ги зајакнува одбранбените механизми и ги неутрализира слободните радикали.
- Лимон: Алкализирачко овошје кое го поддржува варењето и ја стимулира детоксикацијата преку црниот дроб.
- Куркума: Моќен природен антиинфламатор кој ја намалува внатрешната воспаленост и го поддржува црниот дроб.
- Ѓумбир: Го поттикнува варењето и го намалува чувството на подуеност.
- Краставица: Ја хидрира кожата и го елиминира вишокот на токсини.
- Нане: Го смирува дигестивниот систем и додава свежина во вкусот.
Подготовка:
- Добро измијте ги сите состојки.
- Исечете ги портокалот, лимонот, краставицата и ѓумбирот.
- Ставете ги сите состојки во голем сад со 1.5 – 2 литри филтрирана вода.
- Оставете ја водата да се инфузира 2–3 часа во фрижидер. Најдобро е да ја подготвите навечер и да ја пиете следниот ден.
- Консумирајте во текот на денот, особено на празен стомак и помеѓу оброци.
Совет од експерт:
Оваа детокс вода не е замена за оброци или третмани, но е прекрасна дневна навика која ќе ви помогне во варењето, ќе го намали подуеноста и ќе ве одржи хидрирани и енергични.