Ладно лате со мед и цимет

Потребно:

  • 1 еспресо
  • 1 чаша ладно млеко
  • 1–2 лажички мед
  • Цимет
  • Мраз
  • Шлаг

Подготовка:

  1. Подготви 1 чаша еспресо
  2. Во висока чаша измешај мед со прстофат цимет додека не се соедини (може да додадеш и малку топла вода за полесно мешање).
  3. Додади го еспресото и измешај
  4. Наполни ја чашата со мраз.
  5. Додади ладно млеко.
  6. За пена: измати шлаг или измешај млеко (со рачен маталка/тегла) додека стане пенесто, па додади малку цимет и кратко промешај.
  7. Стави ја пената одозгора и по желба уште малку цимет.

вторник, 21 април 2026 г.

Последни објави

Филтрирајте по категории: