Strawberry Latte

Содржина:

Освежителен и кремаст пијалак со нежен вкус на јагода и пенесто ладно млеко.

Состојки:

  • 20–30 ml сируп од јагода
  • 1 доза еспресо
  • 1 шолја ладно млеко
  • мраз

Подготовка:

  1. Подготви еспресо и остави го кратко да се излади.
  2. Во чаша стави го сирупот од јагода и мраз
  3. Додади го еспресото
  4. Ладното млеко измати го со миксер или френч преса додека да стане густо и пенесто, како шлаг.
  5. Врз кафето додади го пенестото млеко.
  6. Послужи веднаш и уживај!

Совет: За поинтензивен вкус, додади уште малку сируп од јагода одозгора или декорирај со свежа јагода.


среда, 28 јануари 2026 г.

Последни објави

Филтрирајте по категории: