Kiddy Adventure

EN

  • Дома
  • За нас
  • Здрава храна
  • Контакт
  • EN

EN

© 2025 Kiddy Adventure

Red Pet

Здрава работилница = здрави навики од најмала возраст

Содржина:

    На последната работилница за здрава храна, децата учеа преку игра, допир и вкус – што значи да се храниме здраво и зошто овошјето и зеленчукот се важни за нашето тело
    Имавме многу насмевки, љубопитни прашања и мали готвачи кои со голем ентузијазам учествуваа во подготовката на здрави ужинки.

    Здравата исхрана не значи строги правила, туку создавање позитивен однос со храната. Кога децата имаат слобода да истражуваат вкусови и текстури, храната престанува да биде „обврска“ и станува уживање

    Преку балансирани оброци, децата добиваат енергија за игра, концентрација за учење и поддршка за правилен раст и развој. Навиките што ги градат денес, утре стануваат нивна природна рутина

    Важно е и децата да се вклучат во процесот – од избор на намирници, до подготовка на оброк. Така се чувствуваат горди на тоа што го направиле и полесно прифаќаат здрава храна како дел од секојдневието

    Еден од омилените рецепти на децата беше смути од боровинка – вкусно, хранливо и лесно за подготовка дома со вашите најмали 

    🥣 Рецепт: Смути од боровинка
    Потребно:
    • 1 чаша овесно млеко (или друг вид млеко по желба)
    • 1/2 чаша замрзната боровинка
    • 1 банана
    • 2 супени лажици овесни снегулки
    • 1 кафена лажичка цимет (по желба)

    Подготовка:
    Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете мазно смути. Послужете веднаш и уживајте во здрав и вкусен напиток

    Post

    Голема благодарност до нашата нутриционистка Марија за прекрасното споделување знаење и инспирација, како и до Jumi за поддршката и здравите производи со кои ја збогативме работилницата 💚

    Post

    Ви благодариме на сите што бевте дел од нашата дружба – наскоро следуваат нови работилници и активности


    среда, 4 март 2026 г.

    Последни објави

    Филтрирајте по категории:

    СитеНастаниСовети од нутриоцистРецепти
    image

    Освежителна Детокс Вода: Природен Подем за Вашето Тело

    Thu Mar 13 2025

    Во денешниот динамичен свет, телото постојано се соочува со токсини – преку храната, воздухот и секојдневниот стрес. Еден од наједноставните и најприродни начини за поддршка на процесот

    Прочитај повеќе ...
    image

    Strawberry Latte

    Wed Jan 28 2026

    Освежителен и кремаст пијалак со нежен вкус на јагода и пенесто ладно млеко.

    Прочитај повеќе ...