Гевгелија пулсираше во ритамот на детска енергија, спортски дух и големи насмевки!
АК „7ми Ноември“ организираше уште една прекрасно подготвена трка, посветена токму на најмладите учесници – а Kiddy со гордост беше дел од ова големо спортско доживување.
Стотици деца стоеја подготвени за својот мал, но значаен подвиг. Нивните шарени маички, трема помешана со возбуда, аплаузите од родителите и сончевиот ден создадоа атмосфера која секој би сакал да ја памети.
Нашата цел – поддршка за детската физичка активност и спортски дух
Како игротека која секојдневно работи со деца, силно веруваме дека спортот е темел на здраво и среќно детство. Токму затоа, Kiddy беше партнер на овој настан и обезбеди специјални ваучери за роденденска забава за најуспешните учесници во најмладите категории.
Наградниот ваучер од 6000 денари, наменети за IV категорија, беа наш начин да им кажеме:
„Браво мали шампиони – продолжете да сонувате, да трчате и да победувате!“
Kiddy и понатаму ќе продолжи активно да ги поддржува настаните кои носат вредност за децата и локалната заедница.
Благодарност до АК „7ми Ноември“ за одличната организација, до родителите за поддршката и, секако, до сите мали тркачи кои ни го разубавија денот!